ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Заедно со здруженија кои работат со млади и Националниот младински совет на Макекедонија, работиме на петгодишна локална стратегија за млади.
По спроведената анкета и акумулираните младински ставови, во наредниот тримесечен период предвидена е изработка на првичната предлог верзија од стратегијата и нејзино претставување пред јавноста.
Стратегијата има за цел да го подобри влијанието на младите врз политиките на вработувањето, образованието, здравствената и социјалната инклузија, како и да ја зајакне довербата помеѓу младите и институциите во заедницата.