Прво третирање против возрасни комарци во Југоисточниот плански регион
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 11 и 12 мaj 2024 година, во периодот од 20.00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:
- 11 Мај (Вторник) во општините Валандово, Дојран, Радовиш, Конче,
- 12 Мај (Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица;
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.