ЗАПОЧНА ПОСТАПКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА НА КАПЕЛА НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ВАЛАНДОВО“
По потпишувањето на договорот со Министерството за транспорт и врски, Општина Валандово започна со постапка за реализација на проектот „Изградба на капела на градските гробишта во Валандово“.
Проектот опфаќа изградба на капела, трпезарија, кујна, простор за продажба, и технички простории.
Просторот околу објектот ќе биде уреден со пешачки и колски патеки, зелени површини и паркинг простор.