НОВА ЛОКАЛНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потпишаа меморандум за реализација на градежните активности на проектот „Реконструкција на локален пат Јосифово - Калково“.
Заедно ја посетија оваа локална улица која го поврзува населеното место Јосифово со локалниот пат кон Калково, како и улицата која го поврзува населеното место Горна Маала со регионалниот пат.
Реализацијата на проектот кој овозможува нов сообраќаен влез за Јосифово, ја опфаќа улицата „Моша Пијаде“, го решава проблемот со атмосферски води и претставува значајно инфраструктурно поврзување на населеното место со регионалниот пат.
Претходно, со поддршка на министерството за транспорт и врски се реализираше изградбата на улицата која ги поврзува Горна Маала и Јосифово со регионалниот пат. Истата, претставува инфраструктурно поврзување меѓу двете населени места и е од суштинско значење за нашата локална заедница.