Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и седмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и седмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 ти октомври 2023 година (понеделник) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и седмата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2023 година до 30.09.2023 година;
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог - План на програмите за развој;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП “Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2023 година до 30.09.2023 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план (ДУП)
за Урбан Блок 1.4 , дел од Урбана единица 1;
- Предлог – Програма за oдржување на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2023/2024 година во зимски услови;
- Предлог – Одлука за одобрување на финансиска поддршка на Планинарско-алпинистички ориентационен клуб „ЈУГ ВАЛАНДОВО” за организирање на традиционален планинарски марш „По падините на Плавуш”;
- Предлог - Одлука за одобрување средства на Здружение Спортски клуб „ЈУГО-ИСТОК“ Валандово“ за реализирање на велосипедска тура „Валандово МТБ“ по повод празникот на општината „6-ти Ноември“;
- Предлог – Одлука за одобрување на финансиска поддршка на КУД „Младост” с.Јосифово за реализација на програмски активности;
- Предлог – Одлука за доделување на наградата „6-ти Ноември” и годишното признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков