Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и шестата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и шестата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 29 ти септември 2023 година (петок) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и шестата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишен извештај за работата на СОУ “Гоце Делчев” Валандово за учебната 2022/2023 година;
- Годишна програма за работа на СОУ “Гоце Делчев” Валандово за учебната 2023/2024 година;
- Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за учебната 2022/2023 година;
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за учебната 2023/2024 година;
- Предлог - Одлука за давање согласност на ЈОУДГ Калинка Валандово за организирање на работата со помал, односно поголем број на деца од законски утврдениот број;
- Предлог - Програма за изведување на екскурзии и други слободни активности во ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово за учебната 2023/2024 година;
- Предлог - Одлука за дообезбедување на финансиски средства за сопствено учество во реализација на Проектот „Туризмот – иднината на регионот”;
- Мислење за барањето на ООУ „Страшо Пинџур“ с.Јосифово, Валандово за одобрување на посета на 15 ученици и 5 вработени во училиштето по покана за учество на тридневната манифестација „Вукови Дани” во с.Степојевац, Општина Лазаревац, Република Србија.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков