ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и петата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и петтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 ти август 2023 година (среда) во 15:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и петтата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 7, за Блок 7.2 населба “Странец” во град Валандово помеѓу улиците сервисна 30,сервисна 8, сервисна 33 и сервисна 32;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2023 година до 30.06.2023 година;
- Годишен план за вработување на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2024 година;
- Давање согласност на Одлуката за усвојување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2023 и 2024 година;
- Давање согласност на Одлуката за усвојување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2023 и 2024 година;
- Предлог – Одлука за одобрување на финансиска помош на Луна Поп Костова од Гевгелија за покривање на трошоци за лекување во странство;
- Предлог – Одлука за финансиска поддршка за реализација на спортско-културна манифестација „Јосифовско лето” 2023 година;
- Предлог-Одлука за финансиска поддршка за реализација на спортска манифестација турнир во баскет 3х3 во Валандово;
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков