ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и третата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 23 ти јуни 2023 година (петок) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и третата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог - Одлука за одобрување средства на КУД „Гоце Делчев“ Валандово за учество на интернационален фолклорен фестивал во Лазаревац, Република Србија;
- Предлог - План за измена на годишниот план за вработување на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за утврдување приоритет на Проектот „Изградба на пат за поврзување на регионален пат Р-1105 со населено место Горна Мала, Општина Валандово“;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог-Решение за именување на претставник на Министерството за труд и социјална политика во Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца-Детска градинка „Калинка“ Валандово;
- Информација за остварување на правото на користење на средства во вид на еднократна парична помош на граѓаните на Општина Валандово;
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков