ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на деветнаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам деветнаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 27 ми февруари 2023 година (понеделник) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на деветнаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишна сметка на Буџетот на Општина Валандово за 2022 година;
- Годишен Извештај на Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година;
- Завршна сметка на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2022 година;
- Завршни сметки на СОУ„Гоце Делчев” Валандово за 2022 година;
- Завршни сметки на ООУ„Јосип Броз Тито” Валандово за 2022 година;
- Завршни сметки на ООУ„Страшо Пинџур” Јосифово за 2022 година;
- Завршни сметки на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2022 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните водоводи и фекални канализации во Општина Валандово во 2023 година;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за набавка на CNC Laser 6040;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за финансиска поддршка за реализација на проектот – нова модна колекција на брендот ZANOV – “NOCTURNAL”.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков