БЕСПЛАТНИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ВО ВАЛАНДОВО И НОВ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПИРАВА
Започнувајки од 01.02.2023 година детските градинки во општина Валандово се бесплатни. Оваа мерка која беше изгласана од Советот, важи за сите деца од општината, поттикнува на поголема вклученост на децата во воспитно - образовниот процес и ја зајакнува солидарноста, како вредност во која веруваме.
Донесен е урбанистичкиот план за Пирава, како стратешки документ кој го планира развојот на населеното место. Истиот, креира функционален систем, планира инфраструктура од различен карактер и води грижа за потребите на сите групи граѓани од заедницата.
Бeше донесен и Правилникот за „Фолк Фест Валандово 2023“, кој ги регулира сите аспекти на овогодинешното издание на фестивалот. Во истиот предвидени се две предфестивалски вечери на градскиот плоштад и една натпреварувачка вечер во салата „Јанко Узунов“. „Фолк Фест“ е од исклучително значење за валандовската и македонската култура и останува од врвен приоритет за нашата локална заедница.
За прв пат, донесена е и програма за управување со отпад, изгласан е кварталниот извештај на општината, донесен е правилник за пресметување на платите на ТППЕ и други одлуки од важност за заедницата.