РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА МАРШАЛ ТИТО ВО ВАЛАНДОВО
Општина Валандово започнува со постапка за реконструкција на дел од улицата „Маршал Тито“ во Валандово, која го поврзува централното градско подрачје со булеварот „Првомајска“.
Реконструкцијата ќе опфаќа асфалтирање на коловозните ленти, замена на старата водоводна мрежа, нови тротоарски површини, урбана опрема, дрворед, како и хоризонтална и вертикална сигнализација.
Со овој зафат, се обезбедува квалитетна инфраструктура за граѓаните кои живеат таму и се решаваат проблемите со честите дефекти при водоснабдувањето.