ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО БЛИНК 42-21
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со извршниот директор на Центарот за Социјални Иновации Блинк 42-21, Милан Танчевски потпишаа Меморандум за соработка на проект за автоматизирање на постапките за јавни набавки.
Проектот „Зајакнување на капацитетите за детектирање и спречување корупција во јавните набавки“ има за цел да имплементира софтвер со голема база на податоци, како дигитализиран систем за планирање и објавување на јавни набавки, како и автоматизирано анулирање на можните коруптивни елементи во постапките.
Чесноста и отчетноста, се принципи во кои силно веруваме. Го зајакнуваме начелото на законитост во административното работење, го исклучуваме човечкото влијание во постапките и градиме меѓусебна доверба со граѓаните.
Проектот се реализира со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), преку проектот „Практикувај демократија“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.