РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКА САЛА ВО ВАЛАНДОВО
Во тек е постапка за комплетна реконструкција на спортската сала во Валандово. Истата ќе се реализира од страна на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово и ќе опфаќа:
- санација на кровната конструкција;
- обновување на подот;
- реконструкција на тоалетите;
- нова фасада;
- молеро - фарбачки работи во целокупната внатрешност;
- замена на санитарии;
- нова опрема за гимнастика, нови стативи за ракомет и фудбал и останата спортска опрема;
- решавање на проблемот со атмосферските води;
- поставување на соларен систем и
- нови столчиња за трибините;
Инвестирањето во овој исклучитечно важен објект за спортот и зајакнувањето на условите за учениците е приоритет. Продолжуваме да креираме подобри услови за секој еден човек.