НОВ УРБАН ПРОСТОР ПОКРАЈ БУЛЕВАР ПРВОМАЈСКА ВО ВАЛАНДОВО
Започнуваат градежни активности за партерно уредување на влезот во Валандово, кон територијалната противпожарна единица и во правец на внатрешноста од градот.
Предвидено е изградба на нови тротоари долж булеварот, создавање нови зелени површини, партерно осветлување, жардињери, клупи, корпи за отпадоци, знаци и патокази, како и засадување на 50 садници листопадни дрва.
Целта е да се формира нова урбана зона во овој дел од градот и да се овозможи простор за безбедно движење за пешаците.