Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020), општина Валандово објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на изработувач на детален урбанистички план

Општина Валандово објавува јавен повик за изработување на:  

1. Детален урбанистички план за Урбана единица 1, за Блок 1,2 во град Валандово помеѓу улиците Улица 1 (Градска магистрална улица) , сервисна 2, сервисна 15, сервисна 16 и сервисна 3.

1.Податоци за проектниот опфат:

Предмет на изработка:

1. Детален урбанистички план за Урбана единица 1, за Блок 1,2 во град Валандово помеѓу улиците Улица 1(Градска магистрална улица), сервисна 2, сервисна 15, сервисна 16 и сервисна 3, со детално планирање и решение за инфраструктура.

Површина на проектен опфат: 5,77ха

Место: КО Валандово

Планскиот опфат на деталниот урбанистички план е во град Валандово помеѓу улиците Улица 1 (Градска магистрална улица) , сервисна 2, сервисна 15, сервисна 16 и сервисна 3..

Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на детален урбанистички план.

Деталниот урбанистички план  да се изработи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020 и 219/21 );

2.Период на изработка на деталниот урбанистички план:

Започнување на работите:

-          Веднаш по добивање на налог од општината, Планска програма и Ажурирана геодетска подлога.

Динамика за изработка: Вкупно 85 работни дена

  • 20 дена за изработка на Работна верзија на ДУП од добивање на податоци, добивање податоци и информации од сите релевантни институции согласно член 47 од Законот за урбанистичко планирање.
  • 15 дена за внесување на забелешки/корекции на работна верзија на ДУП по добивање на позитивни мислење од сите релевантни институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање.
  • 10 дена за изработка на Нацрт на Детален урбанистички план по добивање на позитивни мислења од сите релевантни институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање.
  • 10 дена за внесување на забелешки/корекции ,по добиена стручна ревизија.
  • 15 дена за постапување ,по забелешки од Јавната анкета и Јавната презентација по доставен извештај од комисија.
  • 15 дена за постапување по забелешки од страна на Министерството за транспорт и врски, а доколку се потребни мислења од институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање,10 дена по добивање на истите.

 

3. Право на учество

На јавниот повик  можат да се пријават правни лица со важечка лиценца за иработување на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14,.....168/18).

За докажување на овој услов се доставува Копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20)  или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ...168/18).

Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка  односно треба да достави Документ за регистрирана дејност - образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.

 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон за кои се однесуваат на предметот на набавка односно правното лице да има важечка лиценца за изработување на урбанистички планоци согласно членот 68 од законот за урбанистичко планирање( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, .........168/18)   и да има работен однос на неопределено и полно работно време на најмалку 2 (два) архитекти-урбанисти со важечко овластувавње за изработка на урбанистичко планоци согласно законот за урбанистичко планирање или законот за просторно и урбанистичко планирање, за докажување на овој услов се доставува доказ од надлежен орган со листа на вработени не постара од еден месец од денот на отварање на понудата и копија од важечки овластувања за изработка на урбанистички планови.

4. Рок и начин за доставување н понудата :

            Понудите да се достават најдоцна до 15.01.2024 година (Понеделник) до 14,00 часот преку архивата на Општина Валандово, во жолт плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК за ДУП за блок 1.2.

Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.

5.Датум, време и место на отворање на понудите:

17.01.2024 година, во 13,00 часот, во просториите на  Општина Валандово  (Општински центар за услуги)

6. Критериуми за доделување на договор  на јавниот повик;

 6.1. кадровска и техничка опременост на правното лице

-да има вработено најмалку 2(два) дипломирани инженери архитекти - урбанисти на неопределено време со овластување за иработка на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган  не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања)

-да достави  листа за техника опременост;

6.2. Референтна листа за извршени работи :

Листа на извршени работи во последните три години, со вредности, датуми, договорни органи, со обезбедување на потврда за извршени услуги издадени од корисниците.

6.3 Понудена организација и методологија на изработка на работите;

-динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;

6.4 Финансиска солвентност

-да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех  или завршна сметка заверени од  надлежен орган.;

6.5 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).

Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во Образецот на Понудата кој е во прилог.

Понудата не е деллива.

6.6 Бодирање на понудите

Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ наследните критериуми:

 

  • Број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање, вкупно 40 бода(ВСС планер со овластување 25 бода; ВСС планер без овластување 10 бода и  други стручни работници 5 бода);

 

                За елементот број на вработени инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање, со поделементите се утврдени вкупно 40 бодови. Притоа бодовите за секој од поделементите ќе се пресметува посебно, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има понудено најголем број на вработени.Бодовите кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:

                                 Понуден број на вработени   х максимален број на бодови

Број на бодови  = _________________________________________________

                                                           Најголем број на вработени

 

 

  • Број на референци на изработени и одобрени урбанистички планови во последните 3 години, вкупно40 бода(1-3 референци-30 бода, од 4-6 референци -35 бода, повеќе од 7 референци 40 бода);
  • Рок за извршување на активностите, вкупно20 бода(отстапки повеќе од 6 дена од вкупниот рок-5 бода, отстапки од 3-6 дена -10 бода, прифаќање на рокот -20 бода);

 

 

 

7. Начин на плаќање:

Начинот на плаќање е по добивање на согласност на Предлог планот од страна на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, вирмански, подоставена фактура за извршена услуга во рок од 130 дена.

 

Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на ДУП. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.

 

 

За дополнителни информации, контакт лице:  Аврамски Ѓоко  тел. 078 382-461 е-mail: avramski.g@hotmail.com.

 


ДОКУМЕНТИ:

- Јавен повик (Преземи pdf) (Преземи word)

- Решение за поведување на постапка за избор на изработувач на Детален Урбанистички План (Преземи pdf)


?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches