Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план (ДУП) за Урбан Блок 1.4 , дел од УЕ 1 во Валандово со технички број 006-0802/2023 од Септември 2023 година изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Валандово организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план (ДУП) за Урбан Блок 1.4 , дел од УЕ 1 во Валандово со технички број 006-0802/2023 од Септември 2023 година изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица.
Граници на опфатот сe:
- на запад е улица „сервисна улица 17“,
- на исток улица „сервисна улица 3“,
- на југ е улица „сервисна улица 16“ и
- на север е улица „сервисна улица 19 и 18“.
Планскиот пфат е со површина од 3,26 ха.
Јавната анкета
Јавната анкета за Нацрт- Детален урбанистички план (ДУП) за Урбан Блок 1.4 , дел од УЕ 1 во Валандово со технички број 006-0802/2023 од Септември 2023 година изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Валандово како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на веб страната на Општина Валандово.
Јавната анкета ќе трае 33 (триесет и три) денови и тоа од 23.11.2023 година до 25.12.2023 година, секој работен ден од 07.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.11.2023 година во 12:00 часот во просториите на општина Валандово.
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен повик (Преземи pdf)
- Соопштение за организирање на јавна анкета (ЈА) и јавна презентација (ЈП) (Преземи pdf)
- Решение за формирање на стручна комисија (Преземи pdf)
- Одлука за организирање на јавна анкета (ЈА) и јавна презентација (ЈП) (Преземи pdf)
- Анкетен лист за јавна анкета (ЈА) и јавна презентација (ЈП) (Преземи word)