ЈАВЕН ПОВИК ДО НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОКР 


Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Валандово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 14.06.2023 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Се Грижиме“, за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Валандово.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица од подолу наведени целни групи.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-        долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години),          

-        млади лица до 29 години,

-        лица постари од 50 години,

-        невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот Covid-19,

-        лица корисници на гарантирана минимална помош,

-        лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,

-        лица кои имале статус на деца без рдители и родителска грижа,

-        жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници,

-        лица припадници на ромската етничка задница,

-        самохрани родители и

-        лица со незавршено средно или пониско образование.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-        3 (три) лица за вршење на основни работи - негуватели за стари и изнемоштени лица – инструментални услуги со најмалку основно образование (посета на стари и изнемоштени лица, утврдување и задоволување на нивните потреби за набавки на лекови, храна, средста за хигиена и други секојдневни и лесни обврски, како и помош при мерење на крвен притисок).

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Валандово во периодот од 14.06.2023 година до 20.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Валандово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во просториите на Општина Валандово кај лицето Владимир Лазов, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување – Центар за вработување Валандово кај лицето Виолетка Недиќ или во Центар за социјлна работа Валандово кај лицето Драган Чочков.


ДОКУМЕНТИ:

- Јавен повик (pdf)

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches