Врз основа на член 3 став 1, член 4 став 1 и член 5 став 1 од Правилникот за огранизациона посветеност на „Фолк Фест“ Валандово бр. 08-134/5 од 29.11.2023 година (Сл.Гласник, бр.11/23), Градоначалникот на Општина Валандово распишува
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директори на Фестивалот на новосоздадени македонски песни
„ФОЛК ФЕСТ“ Валандово
- Директор на фестивалот 1 извршител со мандат од 2 (две) години
- Уметнички директор на фестивалот 1 извршител со мандат од 2 (две) години
- Технички директор на фестивалот 1 извршител со мандат од 2 (две) години
Покрај општите услови утврдени со Закон, од кандидатите се бара да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- Да имаат стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/a степен на образование од областа на општествено-хуманитарните науки;
- Да имаат најмалку пет години работно искуство во дејноста;
- Да имаат менаџерски способности.
Кандидатите кои ќе пројават интерес за конкурсот треба да ги достават следните документи (во оригинал или заверен препис кај Нотар) и тоа:
- Пријава со кратка биографија;
- Мотивационо писмо;
- Доказ за завршено високо образование;
- Доказ за работно искуство;
- Уверение за непостоење на забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци)
Покрај наведените документи кандидатите кон Пријавата треба да достават своја Програма за работа и свои видувања за развој на фестивалот, како стратегија за наведениот двегодишен период.
Конкурсот трае 15 дена, сметано од денот на објавувањето.
Пријавите се поднесуваат најкасно до 15,00 часот во архивата на Општина Валандово или по пошта на следната адреса и со следната назнака:
Општина Валандово
Ул. „Иво Лола Рибар“ бр.3
2460 Валандово
- за избор на директор на „Фолк Фест“ Валандово.
Во предвид ќе бидат земени пријавите кои ќе бидат испратени по пошта најдоцна последниот ден од Конкурсот и ќе содржат валиден поштенски жиг, како и пријавите кои најдоцна последниот ден од конкурсот ќе бидат уредно заверени во архива на Општина Валандово до 15,00 часот.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Општина Валандово
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен конкурс (Преземи pdf)