ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДУП ВО ВАЛАНДОВО
Денес со почеток во 12:00 часот, започна стручната презентација и отворена е јавната анкета за Нацрт деталниот урбанистички план на Урбан блок 1.4, кој ја опфаќа населбата Мечкин даб и просторрот помеѓу оваа населба и здравствениот дом во Валандово.
Јавната анкета, ќе трае 33 дена, започнувајќи од денес, до 25.12.2023 година, во просториите на Општина Валандово.
Секој работен ден од 07 до 16 часот, заинтересираните граѓани или правни лица, ќе можат да достават забелешки, предлози и мислења за планот, на анкетни листови.
Општина Валандово повикува на вклученост и учество во изработката на урбанистичкиот план, кој е од заеднички интерес, на целата локална заедница.