Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и („Службен весник на РСМ” бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-608/3 од 10.07.2019 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-994/1 од 30.12.2020 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-474/1 од 26.05.2021 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-700/1 од 20.07.2022 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-1117/1 од 07.12.2022 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-303/1 од 16.03.2023 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-353/1 од 29.03.2023 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-622/1 од 12.06.2023 година Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси на Општина Валандово, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023
за унапредување на административен службеник во
администрацијата на Општина Валандово
Општина Валандово објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник во администрацијата на Општина Валандово, за работното место :
- 1.
Реден број: 22-б
Шифра: УПР 01 01 В02 000
Назив: Виш соработник - геодет
Организациона единица (одделение): Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
- степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Инженерство и технологија, Друго инженерство и технологии (Геодезија)
- работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).
Општи услови за работното место:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општинската администрација на Општина Валандово, кој покрај општите и посебните услови, треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
- да поминал најмалку две години на истото ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40;
- работно време: почеток на работно време помеѓу 07:00 и 08:00 часот и завршеток на истото помеѓу 15.00 и 16.00 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 26.889,00 денари.
Заинтересираниот административен службеник пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Валандово, да ги достави до Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси, како и до службената електронска адреса на Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси administracija@valandovo.gov.mk
Кон пријавата кандидатот може да приложи:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.
ПРИЛОГ:
ПРИЈАВА за унапредување на административен службеник (word doc.)
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Одделение за правни и општи работи,
јавни дејности и човечки ресурси
ПРИЛОГ:
ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на административен службеник (word) (pdf)
ПРИЈАВА за унапредување на административен службеник (word) (pdf)
ОДЛУКА за избор по интерен оглас 02/2023 (pdf)