ЧЕСТИТ ДЕН НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Градоначалникот Перо Костадинов заедно со учителката Стојка Булатовиќ, која 37 години одговорно и посветено образува генерации ученици во нашата локална заедница, го честитаа Меѓународниот ден на образованието.
Образованието е предуслов за развојот на индивидуите и успехот на заедниците.
„Преку стекнување нови знаења, креираме перспективи за себе и заедницата, стануваме подобри луѓе, критички опсервираме и учиме да мечтаеме. Овој ден, нека биде поттик, нашето образование да биде нашата сила во иднина.“ - порача градоначалникот.

