БИЗНИС ФОРУМ ВО ВАЛАНДОВО
Во соработка со Фондација „Фридрих Еберт“, го најавуваме новиот Бизнис Форум. Заедно со експерти, претставници од извршната власт, граѓанските организации и бизнис секторот од регионот ќе се разговара на тема: „Иновации, енергија и одржлив развој“.
Бизнис форумот, ќе се одржи во Домот на култура „25 Мај“ - Валандово на 26.04.2023 година (среда), во 12:00 часот, и на истиот ќе се работи по следниве теми:
- Иновации и одржлив развој;
- Нови енергетски трендови;
Локалните и регионалните компании ќе можат да ги отворат прашањата кои го засегаат нивниот бизнис и да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во време на економска и енергетска криза.
Панелисти на настанот ќе бидат:
- Благој Бочварски - Министер за транспорт и врски;
- Каја Шукова - Министерка за животна средина и просторно планирање;
- Вјеран Пирсиќ - Енергетски експерт и граѓански активист, Р. Хрватска;
- Драган Миновски - професор, универзитет "Гоце Делчев";
- Ивана Вучкова - Фондација „Фридрих Еберт“;
- Билјана Дуковска - Македонска платформа против сиромаштија;
Ги вмрежуваме институциите и бизнисот, создаваме пракса на директна комуникација и заеднички се справуваме со состојбите.