Врз основа на член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) Градоначалникот на Општина Валандово врши:
ОБЈАВУВA
За нацрт Б Интегрирана еколошка дозвола на
ДПВ„РИГО ИМПЕКС“ ДОО Скопје – Инсталација винарија за производство на вино
Согласно член 122 став 1 од законот за животна средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), до Градоначалникот на општина Валандово доставено е барање за издавање на Б – интегирана еколошка дозвола бр.12-450/1 од 26.04.2023 година.
Подносител на барањето:
Друштво за производство на вино „РИГО ИМПЕКС“ ДОО Скопје
Инсталација винарија за производство на вино
Адреса на подносителот:
Ул. Наум Наумовски – Борче бр.40, Скопје – Центар, Македонија
Овластен претставник:
Игор Маркудов
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2
Обработка и преработка наменети за производство на храна од: растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 t/ден (просечна вредности на квартална основа)
Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за животна средина (“Сл. Весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр.89/22 и 171/22), Градоначалникот на општина Валандово ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за нацрт Б Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во:
- Просториите на општина Валандово во Одделението за урбанизам комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
- На web страната на општина Валандово valandovo.gov.mk.
ДОКУМЕНТИ ВО ПРИЛОГ:
- Објава за Нацрт Б Интегрирана дозвола (pdf)
- Нацрт Б Интегрирана дозвола (pdf)