ИДНИНА НА ПРИЈАТЕЛСТВА И СОРАБОТКА Е НАШИОТ ИЗБОР
Во работна посета на Општина Валандово се потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и новиот координатор на програмската канцеларија во Скопје, Мехмед Бајрак.
Градоначалникот Перо Костадинов и претставниците на ТИКА разговараа за пријателството на македонскиот и турскиот народ, за заедничките проекти, како и за искрените намери за соработка и развој наредниот период.
По работниот состанок, заедно го посетија училиштето во Казандол, кое е симбол на пријателството и позитивен пример зад нас. Иднина на соработка и развој, е нашиот избор.