НАШИТЕ СРЦА ЈА ПРИФАЌААТ РЕТКОСТА
Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со децата од дневниот центар за деца со попреченост и децата од детската градинка „Калинка“ од Валандово го одбележаа 28 февруари - Меѓународниот ден на ретките болести.
Тие заедно другаруваа, се забавуваа и испратија пораки за љубов, разбирање и инклузија на секоја индивидуа во заедницата.
„Ретките се многу, ретките се силни, ретките се горди. Сакаме шарен свет без предрасуди, ја негуваме емпатијата и ја поттикнуваме човечноста во заедницата.“ - напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
Тој исто така им се зблагодари на вработените од дневниот центар, детските градинки, како и на невладините организации и активисти од општина Валандово, кои се посветени на унапредувањето на правата и можностите на оваа група граѓани, бидејќи подаваат рака каде е најпотребно и ја потврдуваат сопствената големина како луѓе.
„Под нашето сонце, има место за сечија среќа.“


