ЧИСТА И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА Е НАША ЦЕЛ
Во работна посета на општина Валандово е техничкиот директор на Енергетска Кооператива Пониква од Крк, Р. Хрватска, Дејан Косиќ.
Заедно со него и претставници од општинските институции се разговараше за важноста од селекција на отпадот и заштитата на животната средина, преку успешната приказна на Крк на овој план.
За наредниот период договорена е заедничка едукативна кампања по овие прашања, преку образовните институции и најмладите граѓани на општина Валандово.