ДЕТСКАТА СРЕЌА Е НАША ДОЛЖНОСТ
Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со Вики Чадиковска од Државна видеолотарија на Макеоднија - Касинос Аустриа и нивниот бренд амбасадор Игор Стефановски - Иџе го посетија новиот детски парк во Пирава како зона за рекреација и забава на најмалите.
Градоначалникот искажа благодарност до Видеолотарија - Касинос Аустриа за донацијата и за нивната општествена одговорност.
Парковите за деца се од исклучителна важност за заедницата и развојот на најмалите. Ивестициите во истите, наредниот период продолжуваат низ повеќе населени места во општината.