ПРЕКУ ДИЈАЛОГ КРЕИРАМЕ МЕРКИ И СЕ ПОДДРЖУВАМЕ
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера (12.04.2023) беше во посета на Валандово.
Градоначалникот Перо Костадинов и министерот Николовски заедно одржаа работна средба со земјоделците, каде се разговараше за новиот интервентен фонд на министерството и заеднички се креираше мерка преку која ќе бидат поддржани производителите на зимска зелка.
Покрај ова, тие го посетија и СОУ „Гоце Делчев“, во кое функционира земјоделска струка и активно се развива училишна економија.
Училиштето произведува повеќе видови на земјоделски производи, развива партнерства со приватните компании од регионот и реализира современа практична настава за учениците.