ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ЛАЗАРЕВАЦ
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, на свечениот прием со претседателот на општина Лазаревац Бојан Стевиќ изразија особено задоволство што заедно го одржуваат повеќедецениското пријателство на нашите две локални заедници.
Посетата по повод Денот на општина Лазаревац, беше можност да се одржи работен состанок и да разговаравме за новите можности пред нас и развојот на нашите заедници.
Во Лазаревац деновиве беа присутни и членовите на КУД „Гоце Делчев“ Валандово кои имаа свој настап заедно со нивните врсници и колеги од други културни друштва.
Заедно градиме партнерство кое носи добробит за сите граѓани и е позитивен пример за останатите. Валандово има силни пријателства, ги одржува контактите од минатото и гради иднина на соработка и партнерства.