ГРАДИМЕ МОСТОВИ И ИДНИНА СО ПРИЈАТЕЛСТВА


Во официјална посета на општина Валандово беше Амбасадорката на Грција, H.E. Софија Филипиду.

Градоначалникот Перо Костадинов на амбасадорката најпрво и искажа жалење за несреќата во железничкиот сообраќај во Република Грција, во која има голем број починати и повредени граѓани.

На работниот состанок, се разговараше за потенцијалот за развој на двете општества преку заедништво на нашите држави и народи, за поддршката која е неопходна во полињата кадешто тие имаат значаен напредок, како и за вмрежување на граѓаните на локално ниво.

Зад нас е пример за прекугранична соработка и имплементација на проект за реконструкција на детската градинка „Калинка“ во Валандово, во енергетски ефикасен објект со средства од ЕУ фондовите, како и неколку значајни грчки инвестииции во нашето локално стопанство.

Процесот на младинско поврзување и отварањето на инфо центарот „Спојувалка“ во Валандово, како дел од мрежата на Youth Alliance, исто така е значаен чекор во нашиот однос кој поттикнува младинско пријателство и соработка на нашите два народи.

„Посакувам, заедно да градиме иднина и да оставиме пријателска трага за наредните генерации. Да ги зближиме граѓаните преку соработка во сите општествени сфери и да создадеме силни партнерства на секое ниво.“ - истакна градоначалникот Перо Костадинов.



?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches