ОДРЖАН БИЗНИС ФОРУМОТ ВАЛАНДОВО 2023
Заедно со експерти, претставници од извршната власт, граѓанските организации и претставници од бизнис секторот, на 26.04.2023 (среда) се одржа годинешниот Бизнис Форум во Домот на културата „25 мај“ во Валандово, во организација на Општина Валандово и Фондацијата „Фридрих Еберт“ на тема „Иновации, енергија и одржлив развој“.
На првата форумска сесија разговараме на темата „Иновации и одржлив развој“ на која панелисти беа:
- Каја Шукова - Министерка за животна средина и просторно планирање;
- Вјеран Пирсиќ - Енергетски експерт и граѓански активист, Р. Хрватска;
- Марко Милојевиќ - директор на „Neighbour Power“, Р. Србија;
- Билјана Дуковска - Македонска платформа против сиромаштија;
На втората сесија на Бизнис Форумот беше опфатена темата „Нови енергетски трендови“ со панелитите:
- Благој Бочварски - Министер за транспорт и врски;
- Вјеран Пирсиќ - Енергетски експерт и граѓански активист, Р. Хрватска;
- Драган Миновски - професор, универзитет „Гоце Делчев“;
- Ивана Вучкова - Фондација „Фридрих Еберт“;
Локалните и регионалните компании имаа можност да ги отворат прашањата кои го засегаат развојот на нивниот бизнис и да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во време на економска и енергетска криза.
Преку форуми, ги вмрежуваме институциите и бизнисот, создаваме пракса на директна комуникација и заеднички се справуваме со предизвиците.