МЛАДИ ЛИДЕРИ ОД САД ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изрази огромно задоволсто што беше домаќин и разговараше со младите политички лидери од САД, кои се во посета на општина Валандово, преку програмата ACYPL (American Council of Young Political Leaders).
На состанокот, разговараа за социо - економската состојба на општината, нејзините компаративни предности, предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и интенцијата на заедницата за отворање кон светот и градењето нови пријателства.
САД се нашиот најзначаен стратешки партнер, децении наназад. Учиме од нив и ги следиме воспоставените демократски стандарди кои ги постигнале.
Пријателствата од ваков тип, се нашата вредност. Ги негуваме истите, ги продлабочуваме и заеднички напредуваме.