МЛАДИНСКА СОРАБОТКА, ПРЕКУГРАНИЧНИ ПАРТНЕРСТВА И НОВИ МОЖНОСТИ
Вчера, се одржа работилница на тема: Што им се нуди на младите? - Интерег - ИПА програми со фокус на можностите и ресурсите кои им стојат на располагање на младите.
На работилницата, младите од локалните и националните институции и организации кои работат на младински политики дискутираа за можноста да се вклучат во Интерег - ИПА програмите и да реализираат иницијативи кои се од значење за нив. Како претставник од нашата општина, на работилницата учествуваше Владимир Лазов, кој е службеник за млади.
Општина Валандово испишува успешна приказна на ова поле. Претходниот период младинскиот инфо центар „Спојувалка“, кој е дел од мрежата на Младински Сојуз крушево воспостави успешна прекугранична соработка со Грција, организираше повеќе настани и активности со млади и поттикна на нови поврзувања меѓу двата соседни народи.
Работилницата беше организирана од Националниот младински совет на Македонија во соработка со Институтот за соработка и развој во Албанија, Европската комисија, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за локална самоуправа.

