📑 ОДРЖАНА 8 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
📈 Советот на Општина Валандово ја одржа осмата редовна седница и донесе одлуки кои го унапредуваат урбанизирањето на населените места, ја подобруваат инфраструктурата во заедницата и кои ја надградуваат транспарентноста и отчетноста на институциите.
✅ Донесени се урбанистичките планови за населените места Брајковци и Грчиште, се унапредуваат постапките за урбанизирање на Калково и Раброво, а во најбрз рок ќе биде донесен и генералниот урбанистички план за градот Валандово. Исто така, изгласена е завршната сметка на Општина Валандово и Извештајот за извршување на Буџетот за 2021 година како важни документи на општината и општинското работење.
📊 Општина Валандово годинава како и претходно, продолжува да инвестира во самоуправа која инфраструктурно напредува, системски ги подобрува услугите и како никогаш претходно ја зајакнува социјалната компонента во заедницата.
🤝 Заеднички создаваме инклузиван и солидарна заедница која оди напред.