📑 ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
📒 Советот на општина Валандово ја одржа седмата редовна седница на која донесе одлуки од различни сфери во надлежност на локалната самоуправа.
Се одлучуваше за извештаи од областа на урбанизмот, буџетското работење, сообраќајот и комуналните дејности во општината.
Заеднички, преку дијалог и критички осврт се бараат најдобри решенија за сите и се поставуваат нови цели.
📈 Општината продолжува да инвестира во подобра инфраструктура, поквалитетни комунални услуги и силна социјална грижа за секого.