Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на тринаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам тринаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 26 август 2022 година (петок) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на тринаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за отпочнување со работа на објектот “Детелинка” во с.Јосифово кој е во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка “Калинка” Валандово, Општина Валандово;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2022 година до 30.06.2022 година;
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за одобрување на еднократна парична помош на лицата со попреченост на подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог - План за измена на планот за вработување на Општина Валандово за 2022 година;
- Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2023 година;
- Информацијата за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово во првите шест месеци од 2022 година;
- Полугодишен финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година;
- Годишен план за вработување на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за одобрување средства на ЈП “Комунален Сервис” Валандово за дислокација и изведба на главен цевковод на водоводната линија во град Валандово;
- Годишен извештај за работа на ООУ “Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2021/2022 година;
- Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2022/2023 година;
- Годишен план за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за 2023 година;
- Годишен извештај за работа на ООУ “Страшо Пинџур” Јосифово за учебната 2021/2022 година;
- Годишна Програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур” Јосифово за учебната 2022/2023 година;
- Годишен план за вработување на ООУ „Страшо Пинџур” Јосифово Валандово за 2023 година;
- Правилник за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Калинка” Валандово;
- Правилник за организација на работни места во ЈОУДГ „Калинка” Валандово;
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2023 година;
- Годишен план за вработување на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за 2023 година;
- Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2022/2023 година;
- Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на култура „25 Мај” Валандово за 2023 година;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за определување на имиња на улици во град Валандово;
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за финансиска поддршка за одржување на традиционален меморијален рок концерт “ЦАЛЕ 2022” во с.Јосифово;
- Предлог – Одлука за финансиска поддршка за реализација на спортската манифестација турнир во баскет 3x3 во Валандово;
- Предлог – Одлука за одобрување на финансиска помош за покривање на трошоци за лекување во странство;
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков