ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НОВИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Денес, Советот на општина Валандово ја одржа 12 редовна седница и донесе Одлуки кои се од важност за цела заедница. За кратко, започнува изградбата на нова улица во Горна Мала Балинци, улица „Моша Пијаде“ во Јосифово и изградба на нови тротоарски површини во Валандово.
Покрај останатите, беа донесени Одлуки кои го поддржуваат граѓанското организирање, предвидуваат реализација на нови градежни активности и решаваат суштински проблеми на граѓаните од најразлични сфери на живеење.