ОДРЖАНА 10 РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
🗂 Денес беше одржана 10 редовна седница на Советот на Општина Валандово. На истата, беа донесени следниве одлуки:
▫️Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово;
▫️Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година;
▫️Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;
▫️Одлука за одобрување на финансиска поддршка на студент од општина Валандово, за учество на научен конгрес во Холандија;
▫️Одлука за одобрување финансиска поддршка за одржување на 29 меѓународен фестивал на пролетни веселби „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“ - Чалакли, Валандово;
🤝 Преку транспарентен пристап и дијалог, заедно поставуваме приоритети за нашата општина и се справуваме со предизвиците. Креираме сестрано развиена заедница која поддржува, не исклучува и оди напред.