ПРЕКУ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ДО НАПРЕДОК НА ЦЕЛАТА ЗАЕДНИЦА
Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со државниот советник Трајан Димковски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Васко Камчев, на 19.05.2022 год. посетија земјоделци и сточари од општина Валандово и разговараа за нивните секојдневни предизвици, потреби и поддршката која им е неопходна.
Еден од нив, е Марјан Танчев од Балинци, кој претходниот период доби поддршка од државата во земјоделска механизација - трактор и приклучна механизација, преку повиците од ИПАРД и Националната програма за поддршка на земјоделието.
Преку редовен дијалог и лоцирање на суштинските потреби во овој сектор, заеднички создаваме земјоделство и систем кој поддржува и поттикнува кон подобро. Го унапредуваме производството, го зајакнуваме квалитетот и стануваме конкурентни со останатите.