РАЗМЕНУВАМЕ ИСКУСТВА, СОРАБОТУВАМЕ И НАПРЕДУВАМЕ
📥 Заедно градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, ги посетија детската градинка „Калинка“ - Валандово и СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, како успешни примери од нашата заедница и локални симболи за важноста на евроинтегративниот процес и поврзувањето со останатите европски народи.
Детската градинка „Калинка“ - Валандово како дел од проект за прекугранична соработка со Р. Грција, беше целосно реконструирана во современ и енергетски ефикасен објект. Денес во ДГ „Калинка“ се одвива воспитно образовен процес по највисоки европски стандарди и истата бележи огромни заштеди на електрична енергија.
📑 СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, години наназад реализира проекти финансирани од ЕУ, ги вмрежува своите ученици со ученици од Европа, развива сопствена економија преку која ги подготвува учениците за пазарот на труд и отвара широки перспективи за нив.
🤝 Живееме со заеднички вредности и се поврзуваме со останатите граѓани на Европа. Разменуваме искуства на различни новоа, соработуваме, градиме цврсти пријателства и заедно напредуваме.


