АМБАСАДОРКАТА НА Р. ХРВАТСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВАЛАНДОВО
Во официјална посета на општина Валандово е Амбасадорката на Република Хрватска, H.E. Нивес Тигањ.
📘 На работниот состанок со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, разговараа за поврзаноста на нашите народи и култури, за меѓусебната поддршка, како и за важноста од вмрежувањето на граѓаните на локално ниво.
🖇 Општина Валандово, започна процес на поврзување со општина од Р. Хрватска. Во моментов, воспоставени се официјални комуникации и договорена е соработка со Општина Постира, на островот Брач. Ова е прв чекор кон збратимувањето на двете општини и отварање на уште една европска врата за валандовската заедница.
Градоначалникот Перо Костадинов порача, заедно како пријателски народи, да градиме иднина на европска сцена и да оставиме позитивна трага за наредните генерации.
🤝 Нашата мисија е да ги зближуваме општествата, да ги испреплетаме различностите и да отвараме нови перспективи за заедниците. Поддржувајќи се, да напредуваме.




