🗺 УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ВО БРАЈКОВЦИ И ГРЧИШТЕ
✅ Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичките планови во Брајковци со плански опфат од 43.99 хектари и Грчиште со плански опфат од 25.95 хектари, како населени места кои за прв пат се урбанизираат.
🗓 На наредната седница на Советот на Општина Валандово следува нивно ставање во сила.
Претходниот период, општината ги донесе плановите за Јосифово и Казандол, а за кратко пред Советот на Општина Валандово ќе биде ставен и генералниот урбанистички план за градот Валандово.
🤝 Заеднички поставуваме долгорочни цели, креираме функционален систем и темелно се справуваме со предизвиците.