НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПИРАВА
Започнуваме со постапка за изградба на нова инфраструктура во Пирава. Се работи за улицата „Едвард Кардељ“ во населба Бутел и решавање на проблемот со атмосферски води, како најголем инфраструктурен проблем за граѓаните кои живеат таму.
Изградбата предвидува, два асфалтни краци во должина од 400 метри и просечна ширина од 4.5 метри, армирано бетонски мост, каскаден систем за оспорување на атмосферски води, бетониран канал и три дополнителни премини.
Преку инвестирање по приоритет, градиме еднакви услови за секого. Креираме заедница која решава проблеми, рамномерно напредува и во која секој еден е важен.