📐 ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ЗАПОЧНУВА СО РЕДОВНА РЕПРОЦЕНА НА ИМОТОТ
📑 Започнува редовната административна постапка за репроцена на пазарната вредност на недвижниот имот во општината и утврдување на реална основа за оданочување, согласно промените од репроцената спроведена во 2011 година.
📏 Целта на репроцената, е утврдување на фактичката состојба на имотот, евидентирање на промените кои се случиле од последната репроцена и праведно формирање на даночната основа.
Постапката за репроцена на недвижен имот се одвива согласно законот за даноци на имот, по претходно утврдена методологија од страна на Министерството за транспорт и врски.
📄 Истата, ќе биде спроведена од стручна комисија од редот на општинската администрација, на секој недвижен имот, во сите населени места од општината, согласно претходно утврден распоред кој навремено ќе биде објавен.


