🖋 ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО
📑 Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов заедно со Директорката на ФООМ, Фани Каранфилова - Пановска, потпишаа Меморандум за заедничка соработка помеѓу Општина Валандово и Фондацијата за Отворено Општество - Македонија (ФООМ) како дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупцијата на локално ниво“.
📝 Целта на проектот е иницирање и развивање на успешно развиени системи на локално ниво кои самостојно се справуваат со корупцијата, градат заедници со високи стандарди и поттикнуваат одговорност кај индивидуите.
Предвидени се активности во пет партнерски општини на ФООМ кои изминатиот период ги исполниле критериумите:
🔸 инклузивност и отвореност за соработка со граѓанското општество;
🔸 развивање алатки за борба против корупцијата и судирот на интереси;
Општина Валандово согласно потпишаниот Меморандум за соработка ќе добие:
🔹 овозможена стручна помош за спроведување на проценка на ризици од корупција и судир на интереси;
🔹 стручна помош за подготовка на план за интегритет;
🔹 изградба на капацитети за имплементирање на планот за интегритет;
🔹 стручна помош за подготовка на акт со кој се регулираат интерните механизми за пријавување на корупција и судир на интереси;
🔹 стручна помош за изработка на интерни процедури за доуредување на процесот на спроведување на јавните набавки и регулирање на дискреционите овластувања;
🔹 давање конкретни препораки за намалување на ризиците од корупција;
🙌 Како локална самоуправа посветено работиме на развивање нови алатки и процедури кои ја зајакнуваат општинската транспарентност и создаваат систем кој е нетолерантен на корупција, создава двострана доверба во заедницата и креира основа за развој.