Кампања за поттикнување на волонтерството и спречување на шумските пожари преку проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“
Во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија, што Центарот го спроведува веќе втора година, покрај набавката на лична заштитна опрема за прожарникарите, од големо значење е и кампањата што се спроведува во рамките на овој проект.
Кампањата опфаќа два сегменти и тоа поттикнување на волонтерството и спречување на шумските пожари и за таа цел подготвени се две видео содржини.
Со цел подигнување на свеста кај населението, во период на сè почести пожари во нашиот регион, подготвените видео содржини ги споделуваме со граѓаните на општина Валандово:
Виедо 1 (ЛИНК)
Видео 2 (ЛИНК)
Да ја заштитиме и зачуваме природата!