ДОКУМЕНТИ:
- Продолжен Меѓународен конкурс за 35 издание на „Фолк фест Валандово 2022“ (Преземи PDF)
Врз основа на член 2 став 2 од Одлуката за останување во сила и продолжување на постапката по објавениот Меѓународен конкурс за избор на композиции за 35то издание на Фолк Фест Валандово („Службен гласник на Општина Валандово“ бр.16/21), Општина Валандово објавува продолжен
МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ ЗА 35то ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ
„ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2022“
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
- На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани домашни и странски автори и изведувачи, кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се истакнат со својот квалитет, способност и креативност.
- Еден изведувач или музичка група може да учествува на фестивалот најмногу со една композиција.
- Еден автор на музика или текст може да учествува на фестивалот најмногу со две авторски дела.
- Еден автор на аранжман може да учествува на фестивалот најмногу со три авторски аранжмани.
- Материјалите на Конкурсот задолжително треба да се пратат под шифра.
- Организаторот нема обврска да им ги врати материјалите на авторите и изведувачите на композициите кои нема да бидат прифатени на Конкурсот.
- Организаторот презема обврска да го истакне списокот со имињата на сите примени композиции на својата официјална интернет страна (www.valandovo.gov.mk). Организаторот нема обврска поединечно да ги информира авторите чии композиции нема да бидат примени на Конкурсот.
- Организаторот, со авторите чии дела ќе бидат избрани на Конкурсот, ќе склучи договор и ќе им исплати надомест во износ од 30.000,00 денари. Со склучување на договорот, авторите имаат обврска на организаторот да му ги пренесат правата за прво јавно изведување, за радиодифузно емитување, за тонско и видео снимање, умножување и продажба на носачи на слика и звук, објавување на тонските и видео записите на интернет и друго, како и право организаторот овие права да ги пренесува на трети лица.
- Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот што ќе биде снимен.
- Продукцијата на сите примени композиции ја реализира организаторот.
- Изборот на композициите што ќе бидат премиерно изведени на фестивалот на новосоздадени македонски народни песни „ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2022“ ќе биде направен од страна на стручна селекциона комисија.
УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА КОМПОЗИЦИЈА
Авторите се должни да достават оригинална композиција, напишана за вокал и народен оркестар, изработена во духот на македонската народна музика. Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена. Квалитетот на песните треба да биде во сооднос со реномето на фестивалот. Композициите доставени на Конкурсот не треба да бидат подолги од 4’15“. Текстот на композицијата треба да биде на македонски јазик.
На конкурсот нема да бидат земени на разгледување композициите во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара употреба на недозволени средства.
УПАТСТВО ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА МАТРИЈАЛИТЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсниот труд треба да биде доставен во затворен плик со димензии А4 формат на кој од предната страна ќе биде испишан следниот текст:
ДО
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Ул.„ИВО ЛОЛА РИБАР“ бб
2460 ВАЛАНДОВО, Р.С.МАКЕДОНИЈА
ЗА
ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ
„ФОЛК-ФЕСТ 2022“ ВАЛАНДОВО
- КОНКУРС
Конкурсниот труд треба да ги содржи следните материјали:
- Композицијата треба да се достави во испишана мелодиска линија отпечатена во два идентични примерока на А4 формат;
- Текстот на песната треба да се достави испишан со кирилично писмо и отпечатен во два примерока на А4 формат;
- Аранжманот на композицијата треба да биде распишан за вокал и народен оркестар, треба да биде комплетно изработен и потребно е да се достави во еден примерок отпечатен на А4 формат (ИНФО);
- Демо снимката од композицијата треба да биде снимена на АУДИО ЦД и треба да се достави во два идентични примерока.
ВАЖНО ПРАВИЛО
На погоре наведените материјали треба да стои само насловот на песните. На ниту еден од нив НЕ СМЕЕ да бидат наведени имињата на авторите или изведувачите. Материјалите на кои ќе биде забележано отстапување од наведеното правило, нема да бидат предмет на разгледување.
- Податоците за авторите и изведувачите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик во стандардна димензија. Пликот од предната страна треба да има назнака: ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВОРАЈ!
Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата.
Пример:
ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВОРАЈ!
ШИФРА:ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2022
НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА: Со зборови
Податоците за секој автор поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:
- Име и презиме на авторот;
- Вид на дело/дела кое/и го/ги има изготвено авторот (музика, текст или аранжман);
- Наслов на композицијата;
- Адреса;
- Мобилен телефон;
- Фиксен телефон;
- Е-маил адреса.
Податоците за секој изведувач поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:
- Име и презиме на изведувачот;
- Наслов на композицијата;
- Адреса;
- Мобилен телефон;
- Фиксен телефон;
- Е-маил адреса.
Податоците за музичка група треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:
- Име на групата;
- Име и презиме на сите членови на групата;
- Овластен претставник на групата;
- Наслов на композицијата;
- Адреса на овластениот претставник на групата;
- Мобилен телефон на овластениот претставник на групата;
- Фиксен телефон на овластениот претставник на групата;
- Е-маил адреса од овластениот претставник на групата.
- Секој автор на музика, текст и аранжман е должен да достави нотарски заверен документ, во кој ќе биде содржано:
- Изјава дека композицијата е лично авторско дело кое претходно не било изведувано.
Изјавите од авторите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик во стандардна димензија. Плико од предната страна треба да има назнака: ИЗЈАВИ ОД АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВОРАЈ!
Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата.
Пример:
ИЗЈАВИ ОД АВТОРОТ/ТЕ-НЕ ОТВОРАЈ!
ШИФРА:ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2022
НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА: Со зборови
НАПОМЕНА:
Матријалите кај кои ќе бидат забележани недостатоци или неуредна достава, нема да бидат земени на разгледување.
РОК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
Рокот за поднесување на композициите е најдоцна до 28 февруари 2022 година. Апликациите се поднесуваат најкасно до 15,00 часот во архивата на Општина Валандово или по пошта на следната адреса:
Општина Валандово,
ул.„Иво Лола Рибар“ бб,
2460 Валандово.
Во предвид ќе бидат земени материјалите кои ќе бидат испратени по пошта најдоцна последниот ден од Конкурсот и ќе содржат валиден поштенски жиг, како и материјалите кои најдоцна последниот ден од конкурсот ќе бидат уредно заверени во архивата на Општина Валандово до 15,00 часот.
„ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО“
Организатор
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО