🌺 29 МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ПРОЛЕТНИ ВЕСЕЛБИ
Денес во Башибос се одржуваат Х'дрелезните шестомајски обичаи, како нераскинлив дел од пролетното празнување Х’дрелез и фестивалот „Хид Бах Шен Фест“.
💮 Обичаите Х'дрелез, согласно традицијата се организираат во природа, опкружени со првото зеленило, цветни дрвја и ливади. Граѓаните преку истите, на оригинален начин ја поздравуваат пролетта, го слават животот и си посакуваат богат род и благосостојба во семејствата наредниот период.
🌏 Како дел од светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО, пролетните веселби Х'дрелез ја негуваат вековната традиција, го јакнат заедништвото и поттикнуваат на културна соработка на народите.
🙌 Културата е поле преку кое најдобро се изразуваат верувањата, светогледите и потребите во општествениот живот. Се поврзуваме преку минатото, градиме нови пријателства и заеднички напредуваме.