ДЕМОКРАТИЈАТА БАРА ДЕМОКРАТИ
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, одржа работен состанок со Директорот на ФЕС за Македонија и Косово, Рене Шле. Разговаравме за соработката на Општина Валандово и фондацијата, за важноста од јакнење на демократијата, како и за можноста за имплементација на активности поврзани со заштитата на животната средина.
Фондацијата „Фридрих Еберт“ (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС е најстарата политичка фондација во Германија, која датира уште од 1925 година, именувана по Фридрих Еберт, првиот демократски избран германски претседател.
ФФондацијата за социјална демократија „Фридрих Еберт“ е партнер на нашето општество долги години. Заеднички, работиме на промовирање и имплементирање на европските вредности овде и стремиме кон развиено општество, втемелено на човекови права, социјална правда и солидарност.


