💼 СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е ОСНОВАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
📚 Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претставници на стопанските комори, средните стручни училишта од регионот, како и претставници на регионалниот бизнис сектор, вчера во Домот на културата „25 Мај“ - Валандово одржаа работна средба на тема: „Унапредување на средното стручно образование“.
Беше презентирана анализата на податоци за соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и потребата на бизнис секторот од нови.
🏫 СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово од оваа учебна година започна со процес на трансформирање и унапредување на стручните паралелки согласно потребите на реалниот сектор. Покрај постоечката земјоделска паралелка, училиштето имплементираше:
▶️ паралелка за дентален асистент;
▶️ паралелка за техничари за компјутерско управување;
📝 Новите стручни паралелки беа производ на анализата на пазарот на труд и потребите на регионалниот бизнис за наредниот период.
Усогласувањето на потребите и можностите на реалниот сектор со стратегиите на образовните институции, е основата за брз општествен развој и напредок на локалните заедници.
📑 Спремноста за промени и адаптацијата на новото време, се основен предуслов за успехот на нашата заедница. Поставуваме долгорочни цели, заеднички правиме стратегии за долг рок и напредуваме.